mk top news

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски по вчерашниот инцидент се сместени во хашкиот дел од притворот во Шутка. Јанакиевски од денеска започнал штрајк со глад велат извори за Сител. Во текот на денот тој одбил да прими и посета. По нападот Јанакиевски синоќа беше третиран во градската болница по што добил соодветна терапија. Инаку напаѓачите се притворениците Лирим Красниќи и Есат Кафеџоли обвинети за случајот „Диво Насеље“ . Братучедот на Красниќи, Мухамед Красниќи на својот ФБ профил се пофали со потегот на својот роднина и порача секој политичар кој е вмешан во оваа стапица, ќе биде искршен од ќотек, но подоцна во текот на денот го повлече статусот. „Секој политичар кој е вмешан во оваа cтaпицa… и кој ќе ни падне во раце ќе биде иcтeпaн и ќе биде cкpшeн од ќoтeк од страна на било кој член на нашата група. Браво за денес, другари, покажавте кои сте. Спиро Ристовски беше бoкcувaн од Лирим Красниќи, браво братучед. Миле Јанакиески беше бoкcувaн од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обелевте денес. Ние нема да престанеме во оваа биткa. Ниту еден Албанец не се ocвeти за нас до денес и затоа ние сами ќе се ocвeтувaмe бидејќи сите ќе ни дојдат во зaтвopoт“. Инцидентите се случиле во два различни павиљони за време на прошетка во двор. Во едниот дел биле 5мина притвореници меѓу кои и Миле Јанакиески а ги обезбедувал само еден чувар. По извесно време инцидент настанал и во двор на друг павиљон каде на прошетка биле Спиро Ристовски со уште 6 притвореници, чувани од еден полицаец. Ристовски по нападот не побарал да замине во билница. Од утрово безбедноста во затворот е подигната на повисокот ниво тврди директорот Котевски .. Премиерот Заев смета дека раководството во затворот Шутка потфрлило и побара оставка од директорот. Директорот го прифати барањето и поднесе неотповиклива оставка но ќе ја депонира во понеделник заедно со извештајот за случајот. Котевски чувствува одговорност но тврди дека инцидентите ги предизвикале Јанакиевски и Ристовски . Целосна истрага бара и минстерката за правда, под чии ингеренции се затворите. Покрај истрагата која ја водат затворските служби, во Шутка се и надлежниот судија и обвинителството за расчистување на скандалот. Разговарале со нападнатите притвореници и констатирале дека состојбата во затворот денеска е мирна. Основниот суд бара од Управата за извршување санкции да ги префрли во други затвори притворените Јанакиески и Ристовски. И Народниот правобранител отвори предмет за овој случај и соопшти дека тоа што се случува во затворите е резултат на поставување нестручни и партиски кадри.

Македонија

February 22nd, 2019

Свет

Балкан

Црна Хроника

UA-33057274-1