10 годишно девојче само ќе одлучи која религија ќе биде


10 годишно девојче од Есекс, Британија, чии родители се разведени и се од еврејско потекло, ќе избира сама дали ќе се крсти и ќе биде христијанка или ќе остане со еврејската вера.

Ова го одлучил судот откако пред една година мајката го тужела таткото кои ја превзел христијанската вера, дека и го испира мозокот на ќерката. Барала судот да и забрани на малата девојка да ја промени верата додека не наполни 16 години. Судот одбил а судијата изјавил – неможам никого да натерам да се крсти – но секако дека никогаш нема да му забранам на некого да го стори тоа.

Од исказите на сведоците судијата заклучил дека таа повеќе научила за христијанството од другарките на училиште отколку од таткото со кого дури подоцна разговарала за тоа. Судијата му напишал и писмо на 10 год девојче.

“Понекогаш родителите едноставно не можат да се договорат кога станува збор за важни одлуки. Татко ти мисли дека треба да се крстиш, и продолжиш да живееш како христијанка. Твојата мајка сака да почекаш додека не пораснеш, па затоа морам јас да одлучам место нив. Судијата ја советувал пред да одлучи самата да посетува настава за подготовката за крштевање и дека тоа не значи дека ќе го изгуби еврејско наследство. “На крајот, што е најважно, твоите родители се уште ќе те сакаат без оглед на одлуката што ќе ја направиш”, напишал судијата.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1