12-годишно момче загина – го затрупал песок на плажа во Њу Џерси



Песочниот тунел кој го копале 12 годишното момче и неговиот брат се урна врз малиот Езра Корнман. Несреќата се случила во вторникот, додека смртта била утврдена вчера вечер во болницата во Њу Џерси.

Безгрижната детска игра се претворила во вистински кошмар во моментот кога тунелот кој го копале малиот Езра и брат му, попуштил и го потрупал Езра. Спасителите и чуварите го извлекле момчето кое во тој момент сеуште било живо, но во безсознание и со крварење од носот. Езра бил пренесен во болница, на интензивна него, но еден ден подоцна им подлегнал на повредите

Проблемот со копањето на песочни тунели не е непознат за американските спасители. Во последните 20-тина години во САД загинале 16 луѓе во несреќи по уривање на тунелите. Неретко во оваа „детска“ игра учествуваат и нивните родители. Спасувачите на американските плажи тврдат дека најмалку еднаш во денот ја спречуваат оваа „игра“ и им предочуваат за последиците на учесниците во неа. За жал, има и случаи кога опасноста им побегнува на чуварите и завршува кобно по некого.

Tags: , , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1