Видео: Коледе леде – коледарчињата го најавија раѓањето на Исус Христос


Рана зора додека се руди, коледарска песна вас нека ве буди.
Среќа и радост Господ нека дари, полна софра, а и многу пари.
Сите да ве служи здравје, Бадникова вечер да ви е наздравје.
Берикет и к’смет во куќи да ви царува,
со здравје и љубов Господ да ве дарува!
Честит Бадник

koledari22

Православните христијански верници во Македонија го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Рано изутринава, пак, Рождеството Христово во домовите го најавија децата коледари.

bozikjНа Бадник, уште од самото утро во секоја куќа се слуша гласот на децата коледари, кои со коледарските песни за здравје и бериќет го симболизираат гласот на ангелите за раѓањето на Исус Христос. Домаќините им даваат костени, ореви, јаболка, круши, за да го зачуваат овој убав обичај кој се пренесува од колено на колено.

Ова се денови кога секој треба да го заборави лошото и да ѝ даде можност на добрината да ги усреќи луѓето. Дури и најнесреќните и најбедните треба да се обидат да стават насмевка на своите лица. Барем за момент секој треба да научи да простува и да го отвори своето срце за другите.

Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари.

Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1