126 години затвор за 9 Албанци поради регрутирање борци за ИД


Тие регрутирале и испраќале албански државјани на боиштата во Сирија.

Двајцата имами, Бујар Хиса и Генци Бала, добија затворска казна во траење од 18 односно 17 години, Герти Пашја доби 17 години,додека година помалку Зеќир Имери. Орион Речи, Верви Морава и Едмонд Бала, добија по 13 години затвор, додека Фадил Муслимани и Ардит Тола, 12 односно седум години затвор.zatvor

По изрекувањето на пресудата,била предизвикана тензична ситуација во судската сала,откако осудените се заканувале на судот со зборовите„ ќе ја добиете заслужената казна“.

Обвинителството за тешки кривични дела во Тирана, на петти април, побара 152 години затвор за деветтината обвинети со образложение дека поседува доволно докази дека обвинетите, во 2013 година убедувале, регрутирале и испраќале,главно помлади лица да се борат на страната на џихадистите.

Обвинетите беа уапсени во март 2014 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1