13 годишна Македонка продадена за 3000 евра во Италија – ја силувале и гореле со струја


Италијанската полиција успеа да спаси 13 годишна Македонка која била продадена од страна на нејзиното семејство за брак во Венеција, по што истата била злоставувана од страна на 17 годишно момче кој требало да и биде иден сопруг.

Девојката и раскажала на полицијата дека нејзиното семејство ја продало за 3000 евра, на друго македонско семејство кое живеело во Италија, а кое потекнувало од истото село во Македонија каде живеело и девојчето.

Откако пристигнала во Италија, девојката била силувана и мачена. Во полицијата дала изјава дека дури еднаш додека синот ја силувал, неговата мајка ја држела за да не мрда, пренесува италијанската агенција Анса.

Девојчето се обидело да побегне, но ја фатиле. Дури била и казнета со тоа што морала да стои во када полна со вода, а потоа нозете и ги „палеле“ со електрична жица.

Полицијата стравичното злоставување го открила откако соседите ги виделе модринките на девојчето и откако тоа им побарала помош.

Ја пренеле во болница во Венеција каде биле констатирани бројни повреди на рацете и нозете и изгореници. Задржана е на лекување.

Полицијата ја уапсило Мајката и нејзиниот 17 годишен син.

Tags: , , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1