16 деца повредени во Косово – напаѓачи фрлиле молотов коктел во автобусот


Уште еден инцидент на видовден на Косово. Повредени се 16 деца. Се враќале од прославата на видовден од Газиместан со автобуси кога група ги нападнала автобусите со молотови коктели.

Повредените се пренесени во болницата во Грачаница, а две се во критична состојба со сериозни повреди на главата.

Директорката на здраствениот дом во Грачаници Рада Трајковиќ изјави за Тањуг дека се примени 16 деца на возраст од 8 до16 години. Две момчиња имале повреди на главата од бетонски коцки и тие деца се во тешка состојба, изјавила Трајковиќ. Останатите се со полесни повреди.

На овој инцидент му претходеше судир меѓу група срби кој специјалната полиција на Косово ги вратила на граничниот премин „Мердаре“ и не им дала да отпатуваат на празнувањето на Газиместан.

нападите ги осуди КФОР, а новиот мандатар Ивица Дачич побара да се обезбеди мир на Косово. Инцидентите во кој денеска беа повредени повеќе од 50 срби најостро ги осуди Владиката Теодосије.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1