УХМР најавува врнежи – еве што нѐ очекува до петок


Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 1 Охрид, Скопје, Дебар, Крушево, Пожаране, 2 Претор, Маврово, Лазарополе.

Времето денес (09.09 2017 год.): Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Претпладне врнежите ќе бидат повеќе застапени во западните, а попладне во источните делови, каде ќе се полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени. УВ=5

Во Скопје температура до 27 °C.Во понеделник во текот на ноќта и во вторник претпладне, под влијание на нов влажен бран повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови од земјава. Ќе дува и засилен јужен ветер. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно и малку посвежо.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1