19 год девојка гола се фрлила од зграда во Тетово


19 годишна девојка ноќеска од засега непознати причини без парче облека на себе се фрлила од четвртиот кат од една зграда во Тетово, пишува нет прес.

Случајни минувачи виделе како младата тетовчанка А.С., ноќеска околу еден часот од терасата на станот на улицата Видео Смилевски – Бато се фрла гола. веднаш повикале помош, по што девојката со тешки повреди е пренесена во тетовската болница, а потоа пренесена во Скопје.

Според информации од болницата, девојката има скршен пршелен, нагмечување на белите дробови, а повремено била во неконтактибилна состојба.

како што пишува нет прес девојката пред да се фрлил во станот седела со  24 годишен пријател со кого од неодамна била во љубовна врска. Полицијата се уште ги истражува точни околоности за инцидентот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1