19 годишна манекенка од Србија убиена во Америка (Видео)


19-годишна манекенка беше убиена заедно со уште два лица во Шарлот, во државата Северна Каролина. Мaриjана Пулхар стана популарна по учеството во реалното шоу за модели “Следниот топ модел на Америка”, пишува “Холивуд репортер”.Screenshot_38

Пулхар е пронајдена мртва заедно со Џонатан в Алварадо и Јасмар Исаија Гонгаза-Гарсија во домот на Алварадо. Неодамна девојката стана цимер на двајцата млади. Нејзин пријател слушнал истрели во куќата и отишол да види што се случува. Тој ги открил трите трупотви , а крај нив биле расфрлани пари.

Како осомничен за тројно убиство е уапсен 19-годишниот Емануел Хесус Рангел.Според непотврдени информации, застрелувањето е извршен поради дрога. Рангел е осомничен и за друго убиство извршено на 22 февруари. Пулхар се натпреварувала во “Следниот топ модел на Америка” во 2014 година.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1