19 годишниот бомбаш од Бостон фатен жив (Видео/Фото)


uapsen bostonГотово е – вториот осомничен е фатен жив – пренесуваат американските медиуми. Доцна синоќа по целодневна акција за пронаоѓање на 19 годишниот осомничен, полицијата го лоцираше како се крие во паркиран брод во дворот на една куќа во предградие на Бостон.

19 годишниот Џохар Царнаев, е осомничен за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон минатиот понеделникот.

Пукотници се слушале во реонот на Вотертаун околу 19 часот по локално време и полицијата им наредила на жителите да останат во засолниште додека специјални полициски единици навлегувале во Вотертаун.</p>

Еден од соседите за ABC News изјавил дека сопственикот на куќата во чиј двор Царнаев се криел го открил благодарение на крвта која ја видел веднаш до чамецот. Откако ја кренал покривката видел човек внатре.

uapsen boston 3

zrtvi bostonВо синоќешната престрелка со полицијата загина еден полицаец и постариот брат на Џохар, Тамерлан Царнаев (26). Полицијата изјави дека за време на потрагата пронашла неколку импровизирани експлозивни направи во Вотертаун и во домот на браќата во Кембриџ.

Фамилијата Царнаеви има потекло од Чеченија. Тие пребегале во Киргистан и на крај емигрирале во САД како бегалци пред околу 10 години.

Тамерлан Царнаев, кој беше убиен во престрелка се занимавал со бокс. Имал жена и едно дете.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1