19 годишно момче со бекатон плочка убило скопјанец


СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.З. (19) oд Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, за што од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка „одземен пасош и да се пријавува секој ден во полициска станица“.policija-345
На први овој месец околу 00.15 часот С.С. (52) од Скопје, додека се движел пеш по тротоарот од бул.„Св.Климент Охридски“, бил удрен со едно бекатонско парче во тилот од страна на пријавеното лице, кое управувало велосипед.

Од ударот С.С. паднал на тротоарот и останал да лежи, каде бил пронајден од припадник на Единица Алфа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1