2 алпинисти загинаа – хеликоптер го спасуваше Македонецот Дејановиќ од Хималаи


Дејановиќ вчера пристигна во базниот камп, каде што со хеликоптер со другите членови треба да биде пренесен до болницата во Катманду, Непал, пишува во писмото од ФПСМ. Експедицијата во вторникот се искачи на најопасниот врв во светот, но од 13-те алпинисти двајца загинаа при симнувањетоZdravko11

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) со писмо информира дека Здравко Дејановиќ, по искачувањето на Анапурна 1 (8.091 метар), деновиве треба да тргне на пат за дома по сите проблеми што ги имаше 13-члената експедиција, од која двајца загинаа при симнувањето од најопасниот светски врв. Македонскиот алпинист Анапурна 1 ја искачи во вторникот.

Двајцата планинари, Пемба Шерпа од Непал и Самули Мансика од Финска, загинаа при спуштањето. Од ФПСМ информираат дека суровоста на природата и агонијата на ова искачување, а особено симнувањето од врвот по оваа голема несреќа ги надополнуваат големите лавини. Во една од нив алпинистите загубиле дел од опремата. Многу ниската температура од околу минус 50 степени, следена со студен ветар, уште на врвот предизвикала смрзнатини на лицето и на рацете.

Од ФПСМ велат дека поради големата исцрпеност тимот изгубил многу време и бил принуден да преспие на 7.400 метри. Следниот ден продолжиле до кампот 4, каде што се реализирал и контакт со Дејановиќ, кој известил дека сите членови имаат некакви повреди, психички и физички, а тој самиот има смрзнатини на рацете, но се чувствува добро.
„Дејановиќ вчера пристигна во базниот камп, каде што со хеликоптер со другите членови треба да биде пренесен до болницата во Катманду, Непал. Ова е огромен успех за македонското планинарство. Дејановиќ со ова стана единствениот Македонец што досега искачи три врва над 8.000 метри (претходно се качи на К2 и на Монт Еверест) и е најуспешниот македонски хималаец, чии успеси полека влегуваат и како врвни, светски достигнувања“, пишува во писмото од ФПСМ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1