2 работници повредени додека го кителе Скопје – паднале од корпата закачувајќи светилки


Две лица се повредени при несреќа која се случила додека екипи од фирмата “Линк медиа плус“ ги местеле светилките кои се дел од новогодишното украсување на Скопје, јавува Нет прес.

Несреќата се случила 45 минути по полноќ на булеварот Партизански одреди во близина на трговскиот центар Буњаковец. Двајца вработени во “Линк медија плус“, Ј.И. (20) и А.Р. (20) качени во корпа местеле електрични светилки, кога паднале од корпата.

Од полицијата изјавиле дека двајцата повредени веднаш по несреќата се префрлени во Ургентниот центар, каде им биле констатирани повеќе повреди. За инцидентот веќе е известен и Државниот трудов инспекторат.

извор – Нет Прес

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1