20 години ја лекувале од анорексија, а дури сега ја откриле вистината: „Имам уште неколку месеци живот”


Британката Исла Еванс, 31-годишна мајка на две деца, стравува дека ѝ останале уште само неколку месеци живот откако и` било дијагностицирано ретко нарушување на желудникот.

Еванс 20 години погрешно ја лекувале од анорексија, а всушност боледувала од опасна болест поради која трпи болки додека јаде. Лекарите ѝ рекле дека, за да преживее, потребна и` е операција која се прави во странство, а здравствениот завод не може да и` ја финансира таа операција.evans anoreksija

Болеста конечно ѝ била дијагностицирана есента минатата година, после години борба да ги убеди лекарите дека нејзините проблеми не се предизвикани од пореметување во исхраната.

Таквата состојба не можела да се лечи во Британија и Еванс има единствена надеж во операција во Германија која чини 16.000 фунти, но здравствениот завод одбивал да го финансира овој зафат.

Таа тврди дека наодите покажуваат дека пати од ретко пореметување, додека сите ѝ зборувале дека нејзиниот проблем е во главата. Поради неможноста за нормално конзумирање на храна, Еванс цело време е слаба и болна.

„Сега ретко станувам од кревет затоа што сум преслаба. Им требаа 20 години за да ми постават дијагноза, не сакаа да ме сослушаат само ми велеа дека тоа е анорексија“, раскажала Еванс која прв пат се пожалила на болки во желудникот уште кога имала само 10 години, но лекарите не можеле да кажат што ѝ е.

Болеста сега ѝ удрила и на еден бубрег, па операцијата е се` поитна за да се сопре притисокот во желудникот. Со операцијата во Германија, на Еванс би и` се пренасочила главната артерија од желудникот и бубрегот. Еванс вели дека се плаши и дека ако не појде на операција до крајот на летото, ќе умре.

„Потребни ми се 16.000 фунти. Операцијата е на 30 јули. Не знам дали ќе издржам и не знам дали ќе бидам способна за пат. Не очекувам здравствениот фонд да ја финансира целата операција, но кога би можеле да финансираат барем некој дел би било прекрасно“, вели таа.

За да ги соберат потребните средства за операцијата на Еванс, таа и нејзиниот сопруг, 35-годишниот Шон, започнале акција за собирање пари, а засега имаат собрано 4.460 фунти.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1