200 македонски интелектуалци со барање за прекин на преговорите за името


Околу 200 македонски интелектуалци повикуваат на прекинување на преговорите за спорот за името и да се обиде да дојде до сплотување на нацијата и создавање на вистински национален консензус околу внатрешните приоритети и демократски вредности.

ШЧО НАПРАИФМЕ И ШЧО ТРЕБИТ ДА ПРАИМЕ ЗА ОДНАПРЕД?

Длабоко загрижени и вознемирени од начинот на кој Владата на Република Македонија го води процесот на разговори со Република Грција околу нашето уставно име и национален идентитет, чувствуваме историска одговорност да не молчиме и да ѝ се обратиме на целата македонска и светска јавност, во духот на мислата на Мисирков: шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?

Сакаме да истакнеме дека:

1) Република Македонија е мирољубива членка на меѓународната заедница, и нема ниту еден активен спор со ниту една држава членка на ОН. Нашето право на самоопределување и на самоидентификација не потекнуваат од 1991 година, туку се резултат на историски процес на самоафирмација и на борба за сопствена држава која симболично започна со првиот Илинден во 1903 година, а беше крунисана со вториот – со Заседанието на АСНОМ од 1944 година. Третиот Илинден, од 8 Септември 1991 година беше само чин на континуитет, легитимиран со наодите на Извештајот на Бадинтеровата комисија и со пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 2011 година.

2) Приемот на Република Македонија во ОН беше извршен со флагрантно кршење на Повелбата, при што на државата ѝ беа наметнати два дополнителни и згора нелегални услова – обврска во меѓународните односи да биде претставувана под референцата „БЈРМ“, како и да разговара со Грција околу разликите во врска со името. Поради слабоста на државата, неспособната дипломатија и плашливото и субмисивно државно водство, разговорите прераснаа во преговори. Денеска сме исправени пред ултиматум да го промениме уставното име на државата, нашата заедничка политичка заедница.

3) Одлучувањето за ова прашање излегува од рамките на уставот утврдените надлежности на носителите на власта. Никој, вклучително и Владата, Собранието и Претседателот на Републиката, нема уставно овластување да одлучува за промена на името, дури и ако е „само“ за меѓународна употреба. Ветувањето дека народот ќе одлучи на референдум, исто така, не е засновано ниту на Устав ниту на закон, бидејќи за промена на името на државата, а особено за одредбите за идентитетот, не постои норма од позитивното право за распишување референдум, ниту консултативен ниту задолжителен.

4) Во изминатите 27 години, дури 137 држави нѐ признаа под уставното име, а нашите официјални државни претставници во меѓународната комуникација го користат уставното име (the Republic of Macedonia, во англиската комуникација). Интелектуалците, културните работници, писатели, научници, уметници, лекари и професионалци од сите области, со своите меѓународни постигнувања успеаја да се изборат нивните колеги и партнери да ги почитуваат и да ги ословуваат на начин вообичаен за сите други државјани на трети земји.

Оттука, сведочејќи дека Владата не ги користи сите правни, политички и морални адути што се недвосмислено на страната на Република Македонија, прашуваме:

1) Зошто молчите во врска со Бадинтеровиот извештај?

2) Зошто се однесувате како виновник/иредентист кога в рака ја имате пресудата на Меѓународниот суд на ОН, во која експлицитно се аргументира дека ниту едно дејствие на нашата држава не е или не било иредентистичко?

3) Кој ве овластил да преговарате за името и за идентитетот?

4) Зошто вршите притисок врз јавноста дека е ова историски миг за влез во НАТО, кога фактите зборуваат дека самит не е потребен доколку членките на НАТО одлучат да ја примат земјата без уцени, согласно со Времената спогодба и со пресудата на Меѓународниот суд на правдата на ОН?

5) Без политичка визија, храброст и доблест, вие, политичарите и од власта и од опозицијата, се обидувате да задушите секаква суштинска дебата и да избегнете отчет пред граѓаните, за чиј идентитет преговарате. Дали и ова прашање планирате да го „киднапирате“ и да го решавате вонинституционално и вонуставно, доведувајќи ја јавноста пред свршен чин?

Цениме дека е израз на крајна политичка ароганција, граѓаните да се третираат како поданици или како инфантилни, и од нив да се крие за што, всушност, се преговара. Недемократско е замолчувањето на оние што не се согласуваат со преговорите, преку етикетирање – директно или индиректно – на националисти, реакционерни елементи и антизападно ориентирани кругови.

Укажуваме дека на овој начин власта се отуѓува од сопствениот народ (демос), ставајќи го како влог сето она за што многу генерации умирале во зандани или на бојно поле со името „Македонија“ на устите, а уште повеќе сето она што е изградено и со што Република Македонија е афирмирана надвор од нејзините граници благодарение на успесите на нејзините највредни научници, професионалци, спортисти, уметници и други, без оглед на етничкото потекло.

Граѓаните имаат ПРАВО да бидат информирани, и никакви причини на дипломатска тајновитост не можат да се користат како оправдување кога се во прашање права за кои се избориле нашите предци, а не вашите гласачи. Ова се права што му припаѓаат на секој поединец, но и на секој народ на светот, согласно со Повелбата и Универзалната декларација на човековите права на ОН. Од нас се бара нешто што никому никогаш не му се случило, да ја видиме смртта на својот народ во текот на нашиот живот!

Затоа, бараме:

1) Да престанете со пропагандата дека постои национален консензус и дека преговорите се водат „само“ за промена на името на државата. И на обичниот човек му е јасно дека станува збор за македонскиот идентитет, нашиот овде и оној на Македонците што се малцинство не само во Република Грција, туку и во другите соседни земји.

2) Да признаете дека немате ниту елементарна стратегија или изградена позиција за ова прашање! Бараме веднаш да почнете консултации околу пристапот којшто упорно се обидувате да го сокриете. Да ги прекинете преговорите со посредство на Метју Нимиц и да се обратите до Генералното собрание на ОН како единствена меѓународна инстанција во која Република Македонија не е Давид наспроти моќниот Голијат, туку е рамноправна членка со сите држави кои ја признаваат под уставното име; да се стави крај на употребата на референцата и да се донесе резолуција на Генералното собрание на ОН со која на РМ би ѝ се гарантирал непречен прием во меѓународни организации под уставното име.

3) Обидете се да ја сплотите нацијата и да создадете вистински национален консензус околу внатрешните приоритети и демократски вредности, наместо да ѝ давате приоритет на надворешната политика што ја водите по диктат, вршејќи притисок и делејќи ги своите граѓани, а во полза на туѓи геополитички интереси. Свртете се и погледнете го сопствениот двор, затрупан од скршени ветувања и разочарувања. Ниту една меѓународна инстанција нема да може да го направи она што е наша домашна задача, а за што сте првенствено одговорни вие! Убедете ја ЕУ дека имаме капацитет за членство спроведувајќи ги реформите дома! Македонија ни е поважна од која било меѓународна организација!

Предупредуваме дека инсистирањето на ургентно „решавање на спор“ во кој ни Соломон не би се впуштил, директно предизвикувате несигурност, страв и можен внатрешен конфликт. Тргнувајќи од фактот дека Република Македонија е сѐ што имаме, дека таа е нашата единствена политичка заедница, а политичка заедница нема без идентитет, без есенцијални вредности околу кои се создала и кои ги негува, и без демократија и заемно почитување, ние долупотпишаните одлучивме да истапиме јавно во битката за нашите човекови права, достоинство и интегритет кои не се предмет ниту на преговори ниту на пазарења.

Доколку политичарите од власта и опозицијата се оглушат на овие укажувања, треба да имаат предвид дека ќе се соочат со ненасилен отпор и дека ќе бидат запаметени поради нивната недржавничка, капитулантска и предавничка улога од идните генерации Македонци.

ПОТПИСНИЦИ („та не сме саде ние, та не сме саде тука“):

Билјана Ванковска, професор
Гордана Силјановска Давкова, професор
Ратко Јанев, академик
Симона Груевска Маџовска, професор
Митко Маџунков, академик
Витомир Митевски, академик
Солза Грчева, професор
Елка Јачева Улчар, професор
Љубомир Цуцуловски, професор
Марија Ристеска, истражувач и аналитичар на јавни политики
Горазд Росоклија, професор (САД)
Јован Донев, амбасадор
Леонид Грчев, академик
Игор Јанев, виш научен соработник (Србија)
Вера Лалчевска, кореспондент на ОН
Горан Трајковски, музичар
Александар Ношпал, дизајнер
Димитар Апасиев, доцент
Антоанела Петковска, професор
Жидас Даскаловски, професор
Богдан Богданов, професор
Наде Проева, професор во пензија
Михајло Поповски, професор
Игор Станојоски, писател
Радица Никодиновска, професор
Тодор Ношпал, примариус, ортопедски хирург
Марина Цветковска, научен истражувач (Канада)
Илија Ацески, професор
Зоран Витанов, економист
Кирил Барбареев, професор
Наташа Котлар, професор
Ѓорѓи Чакарјаневски, професор
Лилјана Гушевска, професор
Мишо Нетков, професор
Јане Богданов, професор
Трајче Витановски, доктор (Нов Зеланд)
Рина Киркова, професор
Мелпомени Корнети, уметник и амбасадор
Звонко Никодиновски, професор
Игор Улчар, професор
Трајче Стојанов, професор
Илина Гаревска, специјалист за спречување на перење пари
Мите Стефоски, книжевник
Никола Пијанманов, ликовен уметник
Ивона Опетческа Татарчева, етнокореолог и диригент
Гордана Монипени, правник (Холандија)
Маја Ангеловска-Панова, професор
Наташа В. Савиќ, архитект
Ели Луческа, научен советник
Сашо Татарчевски, професор
Славе Ѓорго Димоски, поет
Тодор Чепреганов, професор
Гоце Цветановски, професор
Анита Христова, стопанственик
Ана Никодиновска Крстевска, доцент
Веселинка Лаброска, професор
Рубенс Муратовски, актер
Лидија Горачинова-Илиевска, професор
Александар Шулевски, научен соработник (Холандија)
Цветан Гавровски, професор
Иво Бару, филмски режисер
Никола Жежов, професор
Велика Стојкова Серафимовска, доцент
Трајче Бјадов, книжевник и публицист
Марија Чичева-Алексиќ, професор
Валериј Софрониевски, професор
Лазе Трипков, уметник
Слоботка Алексовска, професор
Марија Тодоровска, професор (САД)
Горан Мургоски, инвестициски менаџер (САД)
Мојсо Мојсовски, новинар во пензија
Љубица Мијалковиќ, архитект и сликар
Благоја Јанаков, професор
Емилија Тодорова Вотерс, професор (Италија)
Методија А. Колоски, политиколог (САД)
Никица Мојсовска Блажевски, професор
Васил Петрушевски, иноватор
Милица Петрушевска, раководител на програма
Константин Миноски, професор
Виктор Ѓамовски, професор
Влатко Неделковски, доцент
Оливер Арсовски, специјалист радиотерапевт
Биљана Чакмакова, адвокат
Раде Ристески, адвокат
Драгана Влахова, финансиски менаџер
Македонка Тевчева, физичар
Александар Михајловски, фитопатолог (Италија)
Снежана Зивчевска-Сталперс, менаџер (Холандија)
Александар Русјаков, писател
Иванчо Попов, правник (САД)
Нестор Огинар, професор (САД)
Милица Огинар, професор (САД)
Леана Угриновска, докторанд (Австралија)
Славко Манговски, активист за човекови права (САД)
Костадин Ристоманов, бизнисмен
Ирена Павлова Де Одорико, книжевник
Вера Ванковска, архитект (Дубаи)
Билјана Младенова, дипл. машински инженер
Денис Спасовски, дипл. инженер
Јован Попоски, инженер и алпинист (Мт Еверест 1989)
Иванка Василевска, професор
Ангелина Тренчева Ангелова, актерка
Ружица Манојловиќ, професор
Виктор Христовски, професор
Тихомир Стојановски, професор
Гордана Апостоловска, професор
Голубка Нечевска Цветановска, професор
Виолета Мирчевска, професор
Сандра Димитровска-Лазова, доцент
Сузана Топузоски, професор
Трајче Николовски, стопанственик во пензија
Давче Насевски, поет
Сашо Младенов, дипл. инженер
Лина Аргаи, стоматолог (Хрватска)
Жорж Куљеван, инженер
Ивица Милевски, професор
Бранко Горгиев, професор (Србија)
Петровски Благојче, иконописец
Петар Горко, актер
Филип Симески, докторанд (САД)
Миодраг Вчков Иванов, бизнисмен (Шпанија)
Протојереј Виктор Стојчев- свештеник
Марјан Ивановски, сениор финансиски аналитичар (Германија)
Нина Шарланџиева, стоматолог
Ристо Платански, економист (Унгарија)
Стојан Николов, магистер по финансии (САД)
Живко Грозданоски, писател
Ведрана Цветковска, научен соработник (Канада)
Воислав Борозанов, архитект во пензија
Сашо Поповски, академски сликар
Милан Ванковски, инженер (Дубаи)
Крум Велков, публицист
Љубинка Донева, професор по македонски јазик
Петар Јорданоски, сениор проект менаџер
Ана Марија Митровска, проект асистент
Сандра Прилепчанска Поповска, проект асистент
Димитар Насев, програм менаџер (САД)
Љубен Тодоровски, главен инженер технолог (САД)
Александар Тасевски, архитект
Цветанка Колева, професор
Виолета Ачкоска, професор
Саше Јанчев, дипл. правник
Горан Колев, дипл. земј. инж.
Камка Тоциновска, актер
Страшко Милошевски, актер
Цветанка Арсовска, дипл. економист
Даниел Стојановски, аналитичар
Милена Спасовска Колевска, докторанд
Марија Крстиќ, научен соработник
Киро Стојаноски, професор
Димо Попов, кинематограф
Драган Гиновски, гитарист
Андријана Јаневска, виолинист
Александар Станковски, сликар
Трајче Кацаров, писател
Мери Георгиевска, академски графичар
Татјана Шикоска, експерт по меѓународни односи
Роберт Велјановски, актер
Оливера Доневска, книжевник
Ацо Алексов, воен инженер (САД)
Драги Доневски, инженер
Љупка Арсова, инженер (САД)
Вера Арсова, информатичар (САД)
Дејан Стефановски, стопанственик (Холандија)
Бранко Василевски, професор
Кристина Туџаровска-Василевска, професор
Мирко Трајковски, професор (Швајцарија)
Душко Крстовски, инженер (САД)
Тодор Тодоровски, менаџер на банка (САД)
Жаклина Гештаковска, експерт за родови прашања
Сашо Трајановски, дипл. машин. инженер
Зоран Богдановски, службеник за застапување
Александар Љубен, стоматолог
Валентина Миронска-Христовска, професор
Стојан Трајков, консултант и инженер во авијација (САД)

Share Button
MK News

Автор инфо

One Response to “200 македонски интелектуалци со барање за прекин на преговорите за името”

  1. MNR #

    There is a Solution to the Name Issue of the Republic of Macedonia in the UN:
    DRAFT UNITED NATIONS RESOLUTION

    The General Assembly,
    Taking into considerations that “the Former Yugoslav Republic of Macedonia”, admitted into to the United Nations membership in 1993, by the Resolution 47/225, upon recommendation of the Security Council Resolution 817 (1993), had been until present day recognized by the enormous majority of United Nations members by its Constitutional name and that negotiations with Greece over the State’s name didn’t yielded in any outcome,
    Considering Articles 2 (particularly par.1,4,7) and 4(1) of the Charter of the United Nations,
    Heaving in mind also the General Assembly Resolutions 113/II of 1947 and 197/III of 1948, and particularly the Advisory Opinion of the International Court of Justice delivered on 28 of May, 1948, relating to inadmissibility of preconditions for membership outside of the scope of the exhaustive conditions of Article 4(1) of United Nations Charter,
    Reaffirming that every state naturally has an inherent right to a name and that determination of the state’s names represent the subject of their sovereign domestic jurisdiction,
    Reaffirming also that state’s names, as a legal identity of international subjects is essential element of their juridical personality, and their statehood,
    For the purpose to resolve the long term unusual and unacceptable membership status of the state member of the United Nations, issue originated from the unusual admission resolutions stipulating preconditions outside of the scope of the exhaustive conditions of Article 4(1) of the Charter of the United Nations, and for the purpose to protect the order of the United Nations and particularly the legal representation in the United Nations System,
    Decides to extend the membership of the state provisionally referred as “the Former Yugoslav Republic of Macedonia” under its official constitutional name Republic of Macedonia.

    Translation/Превод:
    НАЦРТ РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

    Генералното собрание,

    Земајќи предвид дека “Поранешната Југословенска Република Македонија”, примена во членството на Обединетите нации во 1993 година, со Резолуцијата 47/225, по препорака на Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност, до денес беше признаена од страна на огромно мнозинство од членовите на Обединетите нации со неговото уставно име и дека преговорите со Грција во врска со името на држава не дадоа никаков исход,

    Имајќи ги предвид членовите 2 (особено пара. 1, 4, 7) и 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации,

    Земајќи ги предвид и резолуциите на Генералното собрание 113 / II од 1947 и 197 / III од 1948 година, а особено Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата доставено на 28 мај 1948 година, во врска со неприфатливоста на предусловите за членство надвор од опсегот од исцрпните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации,

    Потврдувајќи дека секоја држава природно има вродено право на име и тоа дека определување на имињата на државата претставува предмет на нивната суверена домашна јурисдикција,

    Потврдувајќи исто така дека имињата на државата како правен идентитет на меѓународните субјекти се суштински елемент на нивната правна личност и нивната државност,

    За да се реши долготрајниот невообичаен и неприфатлив членски статус на една членката на Обединетите нации, прашањето кое потекнува од необичните резолуции за прием во ОН со кои се утврдуваат предуслови надвор од опфатот на сеопфатните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, а исто така и со цел да се заштити поредок на Обединетите нации, а особено правното претставување во системот на Обединетите нации,

    Донесе одлука да го продолжи членството на државата, привремено реферирана како “Поранешна Југословенска Република Македонија”, под нејзиното официјално уставно име Република Македонија.

    17/02/2018 19:09 at 19:09 Reply

Остави коментар

UA-33057274-1