22 годишник се бори за живот – во грбот има осум убоди со нож


Утринава околу 2,40 часот Т.В. пријавила дека кај фонтаната во Градскиот парк, им пришло непознато машко лице кое побарало да му повикаат Итна медицинска помош бидејќи бил повреден во грбот и многу крварел, а кој бил нападнат од три непознати лица.kliniki- brza pomos urgenten

„По преземени мерки било утврдено дека повреденото лице е И.М. (22) од Скопје. Истиот бил префрлен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки повреди, осум убоди од остар предмет во пределот на грбот, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1