25 милиони долари награда за информација за лидерот на ИСИС


САД ја зголемија за два и пол пати (на 25 милиони долари) наградата за информација за локацијата на лидерот на Исламска држава, Абу Бакир ал-Багдади.

Програмата на Стејт департментот – Награда за правда претходно во 2011 година понуди 10 милиони долари за информација за апсење на Багдади.lider-isis

Командантот на специјалните единици на ирачките вооружени сили, генерал-мајор Фадел Барвари изјави дека е позната местоположбата на Багдади и неговите постојани движења од едно место на друго.

– Багдади десет години лежи во ирачки затвори и властите имаат доволно информации за него. Сега тој се наоѓа во градот Ел Бааџ, западно од градот Мосул, во близина на границата со Сирија, истакна генералот.

Според него, лидерот на ИД се крие под земја и постојано се преместува.

– Тој го менува својот изглед, пушта брада или прави хируршки интервенции на лицето со цел да не биде препознат, наведува Барвари.

Багдади има ирачко потекло, а неговото вистинско име е Ибрахим ал-Самараи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1