3 деца од Македонија силувале девојче во Италија – ќе им се суди


Тројца македонски државјани се обвинети дека силувале малолетна Италијанка која затруднела по чинот, па абортирала, јавуваат италијанските медиуми. Судот за малолетници во градот Лаквила, во централна Италија, деновиве поднесе обвинение против тројцата нашинци, кои се товарат за сексуално насилство.siluvanje

Почетокот на судењето е закажано за јануари в година, па затоа медиумите пренесуваат штури информации за случајот. Со оглед на фактот дека станува збор за малолетници, судските и истражните органи не го откриваат идентитетот на македонските државјани ниту, пак, од кое место од Македонија тие потекнуваат. Само се наведува дека се државјани на Македонија.

Не е јасно зошто за случајот ќе се одлучува дури наредната година, односно по три години откако се случило силувањето. Не е позната ниту возраста на обвинетите и девојчето, а само е наведено дека тие се малолетници.

Според медиумите, сексуалното насилство се случило пред три години во близина на подземна автобуска станица во Лаквила. Kритичната вечер момчињата ја пресретнале девојката и еден од нив сосила ја однел покрај контејнерите во близина и ја силувал. Другите двајца обвинети не ја силувале, но и тие се обвинети за сексуално насилство бидејќи му помогнале на силувачот и не го спречиле во насилството.

Нема информации дали силувачите претходно ја познавале девојката со која можеби биле заедно вечерта.

Малолетничката веднаш го пријавила силувањето, по кое останала бремена, но подоцна го абортирала плодот. Таа сега е полнолетна. Лаквила, кој е главен град на истоимената област, е познат по катастрофалниот земјотрес во 2009 година кога загинаа околу 300 луѓе, а беа повредени неколку илјади. Во областа живеат и стотина Македонци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1