3 год дете почина – таткото го заборавил во автомобилот неколку часа на 30 степени


Тригодишно девојче во Рибњик во Шлезија кое било затворено во автомобил починало поради големите жештини кои достигнале над 30 степени. Девојчето било заборавено во автомобилот од таткото кој заминал на работа

sediste dete avtomobil„Најверојатно таткото утрово требал да го однесе девојчето во градинка, но заборавил и заминал на работа. Тој не е психички подготвен да биде сослушан“, изјавила портпаролот на локалната полиција Александра Новар.

Автомобилот неколку часа бил изложен на сонце. Таткото, кој е од Полска, по излегувањето од работа видел дека детето е внатре и се обидел да го реанимира, но било безуспешно.

Слична ситуација имало и во Краков во Полска, каде туристи од Белорусија отишла на шопинг, а во колата останало тригодишното дете. Минувачите го отвориле автомобилот и детето во критична состојба било пренесено во болница.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1