3 год дете убиено од нерегистриран питбул, родителите обештетени со само 11,000 долари


Казната од 11,0000 долари, која што му била изречена на Лазар Јосефски (58) од Мелбурн, по многумина е преблага за свирепата смрт на недолжното тригодишно девојче, која настана поради несовесното чување на неговото нерегистрирано куче питбул.

Судијата Мартин Гринберг ваквата казна ја изрече, говорејќи дека и самиот сопственик бил потресен од настанот и дека ова е најстрогата казна која што законот ја предвидува. Дополни дека ова треба да биде лекција за сите, како во иднина би требало да се постапува кога се работи за чување на домашни животни. Законот, кога се случи злоделото, предвидувал казна од само 5600 долари. По трагедијата, истиот беше подложен на измени, зголемувајќи ја паричната сума за три пати повеќе од веќе постоечката, а на сопствениците им се заканува и казна од десет години затвор.


Настанот се случил во Сент Албанс во Мелбурн. Во вечерните часови Јосефски не забележал дека неговото куче не е врзано и дека истото истрчало на улица, најпрвин напаѓајќи ја Анџелина Мејоут, роднина на тригодишното девојче. Уплашена жена веднаш влегла во својот дом. Питпулот ја следел во куќата и го нападнал петгодишното девојче Њеденг Гоаер, гризејќи го за рака. Потоа во кујната ја гризнал за глава малата Ајен, која што си играла со нејзината мајка. Кучето почнало да ја влече низ целата куќа, а девојчето го држело толку цврсто со вилицата, што најблиските беспомошно само набљудувале како малата Ајен умира.

Родителите му простиле на Јосевски, за кои што сметаат дека и самиот е свесен за шокот кој што го доживуваат, и дека го разбирале стравот за нерегистрацијата на неговото куче. Тие велат дека и самиот Јосевски намерно не го носел на регистрирација, затоа што знаел колку било бесно кучето и дека на тој начин ќе морал да се збогува од него.

За да кучето остане со него – семејството мораше да ја изгуби 3 годишната Ајен. Тоа не е човечки !!!!!!!!!

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1