3-годишно дете претепано до смрт зашто без дозвола зело колаче


Две сестри од Атланта, САД, се обвинети за убиство на тригодишно момче, кое го претепале само затоа што зело колаче. Според полицијата, момчето Кеџуан Мејсон си зело капкејк од кујната додека во куќата биле Глендрија и Лашерија Морис.

Лаширја, наводно, го тепала детето со бејзбол-палка, а сестра ѝ, инаку законска старателка на момчето, го удирала со раце. Момчето починало како последица од тепањето поради повреди на главата и телото.

Двете сестри дале контрадикторни изјави за тоа што се случило на 31 октомври минатата година и тврделе дека момчето се задушило кога гризнало од колачот.

Медиумите објавија дека мајката на момчето го изгубила старателството врз него бидејќи останала без куќата, но таа се борела да си го врати.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1