300 динари кутија цигари во Србија – ќе се зголемуваат акцизите


 

Новата влада на Србија би можела наскоро да ги зголеми акцизите за алкохол и цигари поради ускладувањето на регулативата со европската унија.

Ако тоа се случи цигарите и алкохолот во Србија ќе поскапат до три пати.

Според предвидувањата цигарите прво ќе поскапат за 20 динари, но на крајот најефтините цигари ќе бидат 300 динари, изјавил анонимен извор од новата владина коалиција за српски Курир.

За претседателот на групацијата на производители на тутун Џорџо Радојичиќ најнормално е дополнително да се оданочува луксузната стока, во која се вбројуваат и цигарите и алкохолот.

,, факт е дека ние ќе имаме поголема заработувачка, но таква одлука би била социјално неоправдана, но подобро да се поскапат цигари отколку детска облека или леб,, изјавил Радојичиќ

Според анализите на српската Влада со зголемувањето на акцизите на алкохол и цигари би можело до крајот на годината да обезбеди околу 3 милијарди динари.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1