44 години стаж – ниту еден ден боледување – сега оди во пензија (Фото)


На 31 јануари Дебора Форд ќе се пензионира од Американските поштенски услуги по 44 години без ниту еден ден да искористи за боледување. И покрај тоа што нејзините колеги, потоа тамошните медиуми, и Детроит „Free Press“, јавно и се воодушевија и ја поздравија со громогласен аплауз, за нејзе ваквото нешто и не претставува некоја голема работа. 

ht_postal_worker_nt_130129_wblog„Се обидував да работам најдобро што можам, па притоа успеав да ги исполнам работните обврски, буквално секој работен ден од моето вработување, па се до крајот, притоа да не земам ниту еден ден отсуство“, изјавила Дебора.
Таа додаде дека кога била болна едноставно ќе собрала храброст, а посетата на доктор ја презакажувала во периодот додека била на одмор.
„Ќе биде тешко да ја замениме – не само со нејзината посветеност, туку и со нејзиното познавање на работата која ја усовршуваше со годините“, изјави Тони Карнаги, финансиски програмер и менаџер, кој работел со Форд повеќе од 15 години.
Повеќето од нејзините соработници знаеле за нејзиниот учинок во фирмата, за што „USPS“ ја има наградено по 30 години верна служба.

Дебора изјави дека нејзиниот татко, кој е 86 години, никогаш не земал денови за боледување во неговата 30 годишна кариера и поради тоа не гледа голема врева околу целата работа.
„Тоа е само дел од нашата работна етика“, изјавила таа.
Таа дополни дека со нетрпение го очекува пензионерскиот живот, но и дека нема некои планови, освен времето кое што ќе го поминува со нејзиниот татко.
„Ќе се одмориме и ќе видиме како животот ќе не однесе“, изјавила Дебора.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1