45 год маж скокнал од акрополот во Атина


Утринава 45 годишен човек скокнал од акрополот во Атина. Паднал на Дионициевиот театар. Најверојатно се работи за обид за самоубиство, сметаат надлежните.

45 годишниот маж по падот од околу 100 метри се здобил со сериозни повреди на главата. Пренесен е во болница, но сеуште е во критична состојба.

,,Беше сам и се чини како да не бил баш присебен”, изјавил чуварот на Акропол за AFP.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил околу 6.30 во време кога на комплексот има многу туристи. Се сомневаат дека се работи за уште еден обид за самоубиство по долгата рецесија која ја тресе оваа земја и во која над милион луѓе останаа без работа.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1