48-ЧАСОВНА ВОЛШЕБНА ДИЕТА


Вратете го своето здравје (и линијата) на вистински начин за еден викенд и изгубете 3,5 кг за само 48 часа

limon2“Кога сте на детоксикација, се што ставате во организмот мора да помогне во отстранувањето на отровите, но и да ве обезбеди со течности кои ќе ги испратат”, вели Филип Гоља, нутриционист на кого клиентки му се Џилијан Андерсон, Лора Дерн и Тајра Бенкс, но и моделите од Викторија Сикретс. “Мојата детоксикација е мошне ригорозна, така што мора да ја држите преку викенд. Иако повеќето тежина што ќе ја загубите ќе биде вода, ќе го поттикне вашиот организам на елиминирање на заостанатите токсини од телото”, вели Филип, кој верува оти земањето протеини е клуч на детоксикацијата, зашто помага во елиминирањето на течностите. Препорачува и домати (поради антиоксидансот ликопен), житарки и влакнест зеленчук (да ги измијат токсините) со кои ќе ја зголемите внатрешната температура и ќе го забрзате процесот на детоксикација.

НАПИВКА

– 300 мл вода
– 2 лажици сок од лимон
– 1 лажица јаворов сируп
– малку сушени и мелени лути пиперчиња
– малку ѓумбир
Сите состојки ставете ги во чаша, добро измешајте ги и напивката е подготвена за употреба.

СОК за забрзување на метаболизмот
(секој ден пред појадок)

– 6 лажици исцеден сок од зелен лимон
– 2 зрели домати, средна големина
– еден филџан сечкан коријандер
– 4 лажици свеж власец (див лук)
– 480 мл филтрирана вода
– 4 лажици маслиново масло
– 1 чешне лук
– малку синап во прав
– 6-8 коцки мраз

Сите состојки ставете ги во блендер и миксирајте ги една минута на најголема брзина.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не применувајте ниедна диета или режим на исхрана без консултација со вашиот лекар

Vest.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1