5 деца бездомници се загушиле во камион за ѓубре


Телата на 5 момчиња на возраст од околу 10 години ги пронашол возачот на камионот за ѓубре. Се претпоставува дека дечињата се загушиле во контејнерот на камионот во кои најверојатно влегле за да преспијат и да избегаат од ладното.

Дечињата биле најдени во југозападна Кина во градот Бисиџие во провинцијата Гуиџоу, пишува ,,Пекинг новости,,

Полицијата направила увид и во тек е истрага, но според првичните информации нема траги на насилство на нивните тела и причина за смртта била загушување.

Вечерта кога момчињата се сокриле во камионот температурата во овој планински град била 6 степени, пренесува AFP.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1