5 килограми марихуана фатени на Табановце (Видео)


Министерството за внатрешни работи во соработка со Царинската управа пресекоа меѓународен канал за криумчарење наркотици кон западноевропските земји. При акцијата приведен е 22-годишен македонски државјанин од село Студеничани, а запленети се пет килограми високо квалитетна марихуана која требало да ја пренесе од Македонија во Австрија.

marihuana17.02.2013По претходно дадени инструкции од засега непознати лица од населба Ченто, пријавениот А.Б. во текот на месецов за паричен надомест од 1.600 евра и 4.300 денари требало да пренесе марихуана во Салцбург, каде што марихуаната требало да му ја предаде на друго лице кое моментално престојувало во тој австриски град.
Вчера пријавениот А.Б. извадил билет во еден правец за Скопје-Салцбург, се качил во автобус и околу 21 часот на граничниот премин „Табановце“ на излез од земјава, бил селектиран за детална контрола при што бил претресен. Царинските служби во патната торбичка помеѓу гардеробата пронашле 5 пакувања облепени со кафена селотејп лента растителна материја во зелена боја.
По тестирањето на самото место царинските службеници утврдиле дека станува збор за канабис.
Пријавениот А.Б. е лишен од слобода и е спроведен во полициската станица во Куманово каде со него е извршен службен разговор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1