5 специјалци повредени во сообрќајка кај Радишани


Петмина полициски специјалци се повредени во сообраќајна несреќа која се случила денеска околу 14.10 часот, јавува канал 5. сообраќајката се случила кај скопската обиколница. Возилото се превртело при што се повредени 5 полицајци кој биле во него.

Веднаш се префрлени во скопската градска болница „8-ми септември“ каде им е укажана помош.

Нема информации за какви повреди станува збор, од МВР велат дека немаат потешки повреди, но ќе се знае по завршување на лекарските прегледи.

Од МВР потврдија дека сообраќајната несреќа се случила кога полициско возило излетало и се превртело на обиколницата во близина на клучката кон Радишани.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1