7 знаци дека ангел чувар е покрај вас


Ангелите постојат на друга вибрациона фреквенција од луѓето, па токму затоа и многумина не се во можност да ги видат, но сепак го чувствуваат нивното присуство. Ангелите на специфичен начин ги информираат луѓето кога се во близина и не е потребно некој да биде силно религиозен или да верува во нив со цел да го почувствува нивното присуство. Па, доколку сакате да знаете дали покрај вас има ангел чувар, тогаш погледнете ги следниве 7 знаци кои укажуваат на неговото присуство.

Angel_Pretoria

1. Промена на температурата во просторијата

Доколку почувствувате ненадеен налет на топол воздух или топла аура која ве опкружува, тогаш вашиот ангел чувар е некаде во ваша близина. Исто така неговото присуство може да доведе до ежење или чувствување скокот на вратот.

2. Мистериозна миризба околу вас

Станува збор за необичен мирис кој никогаш претходно не сте го почувствувале и најверојатно не можете ни да го идентификувате.

3. Појава на различно обоена светлина

Ако видите зраци светло кои сјаат од другиот крај на собата или забележувате сенки околу вас, не плашете, ангелите никогаш не сакаат да ви наштетат. Исто така вие нема да го видите вашиот ангел доколку не сте спремни на тоа.

4. Слушате ангелски гласови кои се обидуваат да комуницираат со вас

Ако гласот е во вид на шепотење или е многу нејасен, тогаш испратете му ментална порака на ангелот да зборува погласно. Немојте одма да претпоставувате дека ангелскиот глас кој го слушате е само плод на вашата фантазија и обидете се да комуницирате.

5. Појава на бела пареа онаму каде што најмалку очекувате

Ова е вистински знак дека ангелите се со вас и се спремни да одговорат на вашите молитви.

6. Ангелите ви се појавуваат во сон со решение за одреден проблем

Наутро, кога ќе се разбудите, ќе се чувствувате многу позитивно и ќе бидете сигурни во тоа што треба да го направите.

7. Чувствувате како да има некој друг во собата освен вас

Станува збор за чувство како некој да поминал покрај вас или пак, да стои во ваша близина и покрај тоа што сте сами во просторијата.

Kafepauza.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1