72 часа пред смртта, луѓето почнуваат да зборуваат за…


Во човековата природа е да се плаши од смртта и тешко им е да зборуваат за тоа или да присуствуваат на нејзиното настапување. Сепак, можеби оние кои умираат подобро можат да ја разберат смртта од нас и може да не утешат.

Патриша Пирсон, новинар и автор на книгата „Отворање на вратата на рајот: Истражување на приказната за животот, смртта и тоа што доаѓа по неа” (Opening Heaven’s Door: Investigating Stories of Life, Death, and What Comes After) ги опишува резултатите од своето истражување на тема „Преминување на другата страна“.smrt dusa

„Бидејќи во рок од 9 недели, ги изгубив сестра ми и татко ми, се концентрирав на проучувањето на тоа што се случува после смртта. Интервјуирав десетици луѓе чии професии се поврзани со неизлечиви пациенти, како и оние кои доживеале посебни искуства со луѓе на умирање, па дури и со оние кои „се вратиле од мртвите“, односно, доживеале клиничка смрт“, вели Пирсон.„Сфатив дека луѓето знаат кога ќе им дојде крајниот час.

Во периодот од 72 часа пред нивната смрт, тие почнуваат да зборуваат во метафори за патувањето. Терминологијата е различна, така некои бараат чевлите, на други авионски летови, а третите говорат дека „сакаат да се вратат дома”, а всушност се веќе дома. Во моментите како лежеше на смртна постела, сестра ми, која беше болна од рак на дојка, постојано повторуваше: „не знам како да одам“, па дури и споменуваше и „несреќни стјуардеси“.

Меги Каланан, медицинска сестра, која работела во Центарот за палијативна нега во Вирџинија, го наведува прашањето на пациентот заболен со рак на панкреасот, во моментите на умирање: „Дали мојата сопруга знае се за пасошот и билетите?”

Меги измисли посебен термин, „свеста на блиска смрт“ и го користи во својата книга „Финални подароци: Разбирање на специјалната свест и потребите на лицата кои умираат и комуникацијата со нив“. Каланан била во позиција да негува стотици пациенти се до смртта, и верува дека нивната визија за патување не е случајна.

Луѓето на умирање пред себе ги гледаат починатите членови на семејството.

Лицата на умирање често имаат „привиденија“, кои здравите луѓе веруваат дека се последица на силните аналгетици кои пациентите ги примаат. Но, дали е така?

Голема меѓународна студија, која беше спроведена од страна на психологот д-р Карлис Осис и д-р Ерлендур Харалдсон од Универзитетот во Исланд, покажа дека повеќето пациенти кои се уште се свесни околу еден час пред нивната смрт, ги гледаат своите најблиски кои претходно починале и тоа без разлика дали се на лекови или не. Во студијата се вклучени луѓе од сосема различни култури – од САД и Индија.

„Кога зборував со пациентката Одри Скот (84), која умираше од рак, таа ми рече дека на посета и доаѓа нејзиниот посвоен син Френки, кој инаку, почина неколку години пред тоа. Тој, според нејзините зборови, секој пат кога ќе „дојде“ тивко седи во фотелјата до неа, вели Меги.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1