8 канцерогени работи кои треба да ги исфрлите од дома


Скапо ги плаќате, а тие вас упорно и подмолно ве трујат. Еве ги најпознатите домашни канцерогени. Истите не предизвикуваат рак, но зошто да се изложуваме на ризик кога постојат посигурни опции.

1. Освежувач за возух.

Слаткиот мириз во воздухот често доаѓа во комплет со нафталин и формалдехид, познат канцероген. А содржи и голем број на други токсичи хемикалии. Дали сакате свеж мирис во собата, почнете со тоа да се ослободите од првичиниoт извор за лош мирис. Тоа е уште подобро од тоа да го „камуфлирате“ со друг.

2. Боите за сликање, материјали за правење накит и други хобија

вклучуваат олово и други метали. Наместо тоа, користете боја на базирани растенија. Користете лепило, боја и маркери на база на вода и избегнувајте ги опасните растворувачи, како оние во “гумени цемент” или маркерите кои содржат ацетон, хексан, хептан или толуен.

3. Средства за одржување на автомобил.

Антифриз и течностите што содржат етилен гликол се високо токсични, а не се подобри ниту оние за чистење на стаклото. Тие никогаш не треба да бидат на дофат на децата, кои, ако ги проголтаат, можат да умрат. Моторното масло е опасно при контакт со кожата. До здравствени проблеми обично се доаѓа по подолга изложеност.

4. Алиштата земени по хемиско чистење.

Хемиски средства за чистење обично содржат еден тон на хемикалии, како што се перхлороетилен (tetrakloroetilen), нафталин, бензен, формалдехид и трихлоретилен, од кои сите се канцерогени. Ова хемиски испарувања може да останат на облеката со денови.

5 Средства против болви, крлежи и вошки.

Избегнувајте пестициди на база линдан. Во некои земји се прогласени како канцерогени средства.

6 Бои и лакови.

Некои испарливи органски соединенија (VOCs или ИОС) што се користат во боите се познати канцерогени. Покрај тоа, бојата може по неколку години да испарува од ѕидовите. Никогаш не користете бои кои содржат испарливи органски соединенија. Бидете сигурни дека ќе добиете помалку токсични бои.

7. Куглици нафталин.

Ужасен ви е мирисот на нафталин? Ова е јасен знак кој ви го испраќа телото. Нафталинот содржи речиси 100 отсто нафтален, кој што е канцероген или paradiklorobenzena, токсична супстанца. Многу луѓе против молци користат лаванда, сув тутун и други природни материи.

8 Средствата за чистење не содржат канцероген, но повеќето се сомнителни.

Средствата против мувла често содржат формалдехид. Се претпочита да се обидете со поприроден пристап – со користење на оцет.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1