Здраствено ќе плаќате по 2 пати? – И вработените и хонорарците за секој прилив ќе си плаќаат придонеси!


Според одговорите што ги добивме од Министерството за финансии, во Македонија на сцена стапува повеќекратно плаќање придонеси, односно едно лице ќе треба да одвојува приближно околу 40 отсто од секој хонорар што го зема (вклучително со персоналниот данок), на сметка на државата, пишува Фокус.

denari-1_011110Министерството за финансии, по два дена, даде одговори на прашањата на Фокус во врска со нејаснотиите околу примената на измените во Законот за придонеси. Според одговорите од Министерството за финансии хонорарците сами ќе треба да си ги плаќаат придонесите од секој прилив на пари, онака како што ќе им ги пресмета Фондот за пензиско и Фондот за здравствено осигурување.

Доколку сте вработени и осигурани, а остварувате дополнителни приходи по однос на авторски договори или договор на дело, и на тие договори ќе треба да плаќате пензиско и здравствено осигурување.

Според сето ова, може да се заклучи дека во Македонија на сцена стапува повеќекратно плаќање придонеси, односно едно лице ќе треба да одвојува приближно околу 40 отсто од секој хонорар што го зема (вклучително со персоналниот данок), на сметка на државата.

Согласно оваа одредба за лицата кои остваруваат приходи од повеќе договори, придонесите ги пресметуваат Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Македонија, а истите самите за себе ќе ги уплатат придонесите.

Целиот текст – како и одогворите од Министерството на – Фокус.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

2 Responses to “Здраствено ќе плаќате по 2 пати? – И вработените и хонорарците за секој прилив ќе си плаќаат придонеси!”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.