Јовески: Нема да замижам ако некој од политичарите ги прекрши законите


Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во интервју за ТВ 24 изјави дека СЈО треба да биде дел од Јавното обвинителство, но рече дека за тоа треба да има расправа.

Според него, може СЈО како организациона содржина да се задржи или да се направи едно поголемо обвинителство.

Joвески вели дека во тој дел треба да има расправа и да се избере најсоодветен начин на работа.

Рече дека тие нема да замижат ако некој од политичарите ги прекрши законите.

Јовески не знае од каде премиерот Зоран Заев има информации дека против двајца функционери од власта се води истрага за корупција, како што претходно изјави Заев и вели дека не знае дали тие информации се точни.

За тоа како останатите обвинители дозволувале да се носат одредени одлуки и како никој не можел да му се спротивстави на Зврлевски, нагласи дека Обвинителството работи по строги хиерархиски начела и оти самиот јавен обвинител ја обојува работата на целото обвинителство.

– Имаше членови кои остро се спротивставуваа на седниците на Советот на јавни обвинители за одредени одлуки, а еден од нив бев јас. За голем дел од прашањата при гласањето останував сам или во најдобар случај имав поддршка од само уште од еден колега – рече Јовески.

Не сакаше да каже дали обвинителството стигнало до нарачателот на настаните во Собранието од 27 април поради интерес на истрагата, а за приведените поради настаните во Собранието нагласи дека ЈО ќе истражи и врз основа на факти и докази ќе преземе соодветно кривично гонење или ќе донесе друга јавнообвинителска одлука.

– Во моментов е оценето дека тие луѓе ја преминале законската граница – рече Јовески и додаде дека Обинителството не гони никого, зашто е уметник, пратеник, туку зашто е утврдено дека има постапки за дејствија согласно Кривичниот законик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1