Заев подготвен за географска одредница на името – се менува името на автопатот и Аеродромот


На прес-конференција синоќа премиерот Зоран Заев истакна дека Владата усвоила одлука да се смени името на автопатот, но и Аеродромот во Скопје.

Така, автопатот ќе го носи името Пријателство, а Аеродромот Александар велики ќе се вика Меѓународен аеродром Скопје.

Со одлуката која што ја донела Владата, рече премиерот Заев, се потврдува исчекорот за градење пријателство и доверба со Грција.

Исто така, за спорот со името, Заев информираше дека Македонија е подготвена за географска одредница за крај на проблемот.

– Да дадеме шанса низ преговорите да дојдеме до решение. Сакам процесот да успее. Сме фокусирани на суштествени чекори кои ќе доведат до решавање на овој чувствителен проблем во интерес на двете земји, истакна Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1