Аеродром: Скопјанец избоден во двете нозе, напаѓачот непознат


Вчера утро околу 03,40 часот во ЕИК-Скопје, М.Н. пријавил дека на бул.„Јане Сандански“на паркингот имало неколку лица кои стоеле и разговарале, во еден момент со трчање им се приближило едно непознато лице кое од засега непознати причини со нож го повредило неговиот другар М.Д. (36) од Скопје во пределот на бутот на двете нозе.

М.Д. бил пренесен во УЦ-Скопје со возило на итна медицинска помош, каде што му се констатирани тешки телесни повреди (пресечена артерија, длабоки убодни рани и пукнатина на бутна коска).

СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1