Ахмети не отишол кај Рама, бил многу зафатен


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не заминал на средба со албанскиот премиер Еди Рама бидејќи имал многу партиски активности, изјави за Нова ТВ, неговиот шеф на кабинет Артан Груби.

– Не отидовме бидејќи имавме многу партиски активности. Не можевме да стигнеме ниту на состанокот вчера во 13.30 часот, ниту денеска во 17 часот. Но, тоа не значи дека нема расположение да седнеме на заедничка маса. Можеби тоа ќе го направиме следната недела – изјави Груби.ali-ahmeti

Средби со лидерите на албанските политички партии од Македонија се одржаа вчера и денеска во Тирана.

Албанските медиуми јавија дека до сега се одржани средби со лидерот на Беса, Билал Касами, со Зијадин Села од Алијансата на Албанците, а се очекува средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Рама нагласи дека на средбите е разговарано за состојбата после изборниот процес во Македонија, но не кажа дали им е дадена насока на албанските партии кои добија мандати, со кого и како да коалицираат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1