Ахмети: Нема враќање назад, ќе дејствуваме во согласност со волјата на граѓаните


Го поздравувам доделувањето на мандатот за формирање на новата реформска влада во согласност со Уставот. Како што кажав уште на самиот почеток, ние ќе дејствуваме во согласност со волјата на граѓаните и враќање назад нема, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откако првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, го доби мандатот за составување на нова влада.

– Нашата клучна, определена и одлучувачка улога во новото мнозинство ќе ја ставиме во служба на реформите во согласност со очекувањата на меѓународната заедница, добрите меѓуетнички односи и Охридскиот договор како и интеграцијата во НАТО и во Европската Унија заедно со отворањето на нови работни места – рече Ахмети.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1