Ахмети за Косовапрес: Промената на границите на Косово ќе предизвика домино ефект


Изјавите на високи српски претставници за промена на границите на Косово, се опасни и со домино ефект за целиот Западен Балкан, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за косовската агенција, Косовапрес.

Тој во интервјуто додаде дека за овие работи треба добро да се размисли, бидејки ако започне процесот на промена на границите на Косово, тогаш ќе има домино ефект врз другите земји.

Ахмети смета дека за оваа идеја е виновна Русија, која не сака Западниот Балкан да биде дел од ЕУ, уште помалку од НАТО.

– Високи руски официјални лица, претседателот Владмир Путин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, дури отворено изјавија дека зачленувањето на Македонија во НАТО е класична провокација, најлошата што може да и се направи на Русија -вели во интервјуто Ахмети.

Лидерот на ДУИ смета дека обединување на Албанците единствено може да се направи во Европската Унија, отстранувајќи ги границите во регионот.

Ахмети бара од властите во Србија, од власите во Косово, но и во Македонија и Албанија со ладна глава да ги анализираат околностите, и да видат кое е најпродуктивно и најдборо решение за регионот.

Ахмети вели дека како Албанци никогаш не биле во подобра позиција, но дали може уште подобро, вели дека сигурно може и дека треба да се исполнат европските стандарди, да се биде дел од Европа и да се тргнат границите меѓу себе, бидејќи нема причина да има граници и да се чека три часа на границата на Блаце меѓу Косово и Македонија.

Според него, интеграцијата во ЕУ е во полза на сите, бидејќи, вели, Европската Унија е вредност која ги почитува различностите.

Во интервју Ахмети се осврна и за состојбата на Албанците во Македонија, велејќи дека тие се во подобра состојба од било кога, но треба уште да се постигне, за да бидат рамноправни со Македонците во секој аспект.

За најспоменуваното прашање во Македонија, албанскиот јазик да биде официјален во сите институции, Ахмети вели дека оваа прашање веќе е завршено и по завршување на локалните избори, тоа ќе биде усвоено.

Во врска со претстојните локални избори во Македонија, лидерот на ДУИ е убеден дека неговата партија ќе победи и дека ДУИ ќе раководи со најголемиот дел од општините со албанско мнозинство.

Ахмети верува дека по 15 октомври ДУИ ќе биде прва според бројот на албанските општини, додавајќи дека има пораст на гласовите во споредба со минатата година, кога се оддржаа парламентарни избори.

Лидерот на ДУИ вели дека сега неговата партија раководи со 16 општини, од вкупно 18 со албанско мнозинство во Македонија.

Ахмети во интервјуто смета дека на Албанците во Македонија не им се потребни повеќе од две партии, кои би ги бранеле нивните интереси во институциите на Македонија.

На крај на интервјуто за приштинската агенција Косовапрес, тој повика за мирни избори и што поголем одзив на граѓаните на Република Македонија на локалните избори, кои ќе се оддржат во недела.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1