Ако Американците го послушале Черчил, Москва би била избришана од лицето на земјата!


Според наводите на ФБИ, Черчил во 1947-та година му се обратил на републиканскиот сенатор Стајлс Бриџес, да го убеди тогашниот претседател на САД, Хери Труман, да “фрли” нуклеарна бомба на Москва!

Винстон Черчил барал од САД да го нападнат СССР со нуклеарно оружје за да ја добијат Студената војна, сведочат досега необјавени документи на ФБИ.cercil stalin

Според наводите на ФБИ, Черчил во 1947-та година му се обратил на републиканскиот сенатор Стајлс Бриџес, да го убеди тогашниот претседател на САД, Хери Труман, да “фрли” нуклеарна бомба на Москва!

Черчил сакал да го нападне СССР до тој степен, што бил подготвен и да ја прифати смртта на неколку стотици илјади руски цивили.

“Единствено спасување за цивилизацијата е претседателот на САД да прифати дека Русија го загрозува светскиот мир и потоа да ја нападне оваа земја”, рекол Черчил.

“Кога ќе падне атомска бомба над Кремљ и целосно го збрише, ќе можеме лесно да се справиме со Русија”, рекол тогаш Черчил. Тој нагласил дека доколку тоа не се случи, Русија ќе ги нападне САД во наредните 2-3 години, кога ќе има своја атомска бомба. Тогаш цивилизацијата ќе биде збришана”.

Доколку Америка го прифатела предлогот на Винстон Черчил, тогашниот СССР немало да може да се одбрани од нуклеарен напад бидејќи својата нуклеарна бомба Русите ја развиле на 29-ти август 1949-тата година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1