Актерка почина на 46 години – не се избори со ракот


Американската актерка од виетнамско потекло Хип Тај Ле почина вчера на 46-годишна возраст, како последица на ракот на желудникот.

Ле е родена во Виетнам, но кога имала осум години заедно со нејзината мајка и помалата сестра, по едно ризично патување со брод, пребегале кај нивниот татко во Хонк Конг. Потоа семејството се преселило во американскиот град Оукленд.

Актерката е најпозната по својата улога во филмот „Небо и земја“ од 1994 година, каде глумеше заедно со Томи Ли Џонс.

Други попознати филмови во кои се појавила се трилерот „Сурови намери“, „Принцезата од Небраска“, како и „Тераса со поглед кон езерото“, драма која ја третира проблематиката околу расизмот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1