Албанија ги заборави Македонците во Голо Брдо, заевани во снег, без струја, храна и лекови


Отсечени од цивилизацијата, оставени без струја, заборавени од државата. Македонците во Голо Брдо мака мачат по снегот кој ги затрупа патиштата. Властите во Албанија заборавиле дека и таму има луѓе кои имаат право на живот. Четири дена без струја, храна и лекови. По новата територијална поделба немаат ниту каде да побараат помош, општината под која припаѓаат се наоѓа на два часа возење.golo-brdo

Заборавени од државата морале сами да го пробиваат снегот и преку планинските врвови пеш да стигнат до Дебар. Наместо во Албанија неопходните намирници ги бараат во Македонија.

Нема резултат ниту од апелите за помош на Македонското друштво – Илинден од Тирана. Властите во Албанија немаат одговор за потребите на Македонците во Голо Брдо. Тие ја продолжуваат битката, надевајки се дека студот што побргу ќе заврши, а снегот ќе се стопи зошто ниту годинава не очекуваат Албанија да се сети на нив.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1