Албанија одби безвизи во САД, 12мил долари, членка на ЕУ – нема да уништи хемиско оружје


Во Албанија нема да се уништува сириското хемиско оружје, зашто тоа е невозможно, изјави премиерот Еди Рама со што стави крај на дилемите и масовните протести кои ја зафатија речиси целата земја.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, неговата изјава бурно беше поздравена од илјадниците насобрани граѓани пред Владата.

hemisko oruzje– Албанија нема да се вклучи во уништувањето на сириското хемиско оружје, зашто зашто тоа е невозможно. Обврзани сме да бидеме покрај сојузниците како што е САД. Сакам да знаете дека никогаш нема да ја повредам иднината на нацијата, истакна Рама.

Тој објасни дека Албанија, како земја-членка на НАТО и потписника на Резолуцијата за Сирија стои зад партнерите кои го поддржуваат мирот и демократијата во светот.

Претходно албансите медиуми објавија дека САД и ветиле на Албанија пакет со пет работи доколку се согласи сириското хемиско оружје да се уништува на нејзина територија.

1. Помош за да обезбеди статус земја-кандидат за ЕУ во текот на декември;

2. Помош Албанија да стане членка на ЕУ за време на Владата на Еди Рама;

3. Финансиска помош колку три буџети на Албанија (буџетот на Албанија е четири милијарди долари)

4. Гаранција и давање посебен статус за Албанија во однос на САД при што во процесот се вклучува и укинување на визниот режим и

5. Предлог за Албанија за Нобеловата награда за мир.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1