Албански медиуми тврдат дека се подготувал атентат врз Фатиме Фетаи


Повеќе албански медиуми во Македонија меѓу кои и shqipmedia.com тврдат дека покрај домот на специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи во гостиварското село Боговиње биле забележани сомнителни возила. Наводно дел од нив биле испратени да ја следат Фетаи и да го подготват теренот за нејзин атентат.

Засега од МВР воопшто нема информации за наводен инцидент или сомнителни возила кои лажнос е претставиле како полициски покрај домот на обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи, ниту пак за регистрирани закани по нејзиниот живот.

Инаку во Боговиење била извршена кражба по што реагирала полицијата со цел да изврши увид и да пронајде информации за сторителите. Дел од нив подоцна се и приведени во Скопје, а биле со потекло од Куманово.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1