Американец ограбил банка, се соблекол гол и фрлал пари по улица


Полицијата во Флорида уапси маж кој, откако ограбил банка, се соблекол гол и трчајќи по улицата ги фрлал украдените пари, бидејќи, како што самиот потоа изјавил, утрото кога се разбудил посакал да стане комичар.

Наместо тоа, 25-годишниот Александар Спербер заработи обвинение за вооружен грабеж, соопшти ФБИ.

Шегаџијата заканувајќи му се со пиштол на благајникот, успеал во својата торба да стави околу 4.700 долари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1