Американка ги тужи Твитер, Фејсбук и Гугл за нападите во Париз во 2015 година


Жена од Чикаго, која била во кафуле во Париз за време на терористичките напади во 2015 година, ги тужи Твитер, Фејсбук и Гугл, со тврдење дека тие соучествувале во ширувањето на групата Исламска држава, давајќи и пристап до социјалните мрежи.

Весникот „Чикаго Сан-Тајмс“ јави дека Манди Палмучи поднела тужба во Чикаго минатата недела. Во тужбата се наведува дека таа била во кафуле во Париз каде беа убиени повеќе од 12 лица и оти е емотивно повредена.

Во нападите врз кафулето, стадион и концертна сала во Париз загинаа 130 лица, а одговорноста ја презема Исламската држава.

Фејсбук соопшти дека на неговата страница нема место за оние што се занимаваат со тероризам, ниту за содржини кои поддржуваат таква дејност.

Твитер и Гугл не одговориле на барањата на весникот за коментар.

Слични судски тужби беа поднесени и на други места, но беа отфрлени со аргумент дека онлајн провајдерите со закон се ослободени од одговорност за содржините кои ги објавиле нивни корисници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1