Американската влада во блокада: Стотина илјади луѓе ќе останат без работа


Американската влада е во финансиска блокада бидејќи демократите и републиканците не успеале да го решат спорот околу имиграцијата и потрошувачката.

Откако сенаторите на двата дома на американскиот Конгрес не успеале до полноќ да постигнат договор за усвојување на предлогот за продолжување на финансирањето на владата во Вашингтон, дошло до финансиска блокада. Блокадата на владата нема да го сопре финансирањето на сите агенции, програми и услуги кои ги финансира федералната влада. Меѓутоа, вработените во агенциите и министерствата кои не се сметаат за клучни, ќе престанат да работат додека Конгресот не биде во состојба да го усвои законот за федералниот буџет. Станува збор за стотина илјади работници.

Белата куќа објавила соопштение во кое ги обвинува демократите во Сенатот за блокирање на нацрт законот со кој би се спречила парализа на американските сојузни служби.

“Нема да преговараме за статусот на илегалните мигранти додека демократите ги држат нашите граѓани како заложници на своите безобразни барања”, се наведува во соопштението. Трамп на Твитер исто така упатил критики до демократите, членовите на Сенатот, велејќи дека “тие сакаат илегална имиграција и слаби граници”.

Клучните служби како националната безбедност, поштата, контролата на лет, неопходните итни и лекарски служби, помош во случај на катастрофи, затвори, даночни служби и производство на електрична енергија нема да престанат со работа.

Појавата финансиска блокада е невообичаена но се случувала и во минатото. Од 1981. година имало 12 такви случаи, а блокадата варирала според должината на траењето. Најдолго траела во време на мандатот на Бил Клинтон – 21 ден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1