Американски граничари бараат од тинејџер да испие течност – по 4 голтки починал (Видео)


Пред неколку дена медиумите во Америка објавиле снимка од сигурносна камера која покажува како граничната полиција му кажува на тинејџер да испие отровна течност од која подоцна починал.

Круз Веласкез имал 16 години кога во 2013. се обидел да прокриумчари течен метамфетамин од Мексико во САД. Граничната полиција го запрела на преминот во Сан Диего. Во ранецот имал две шишиња смртоносна течност, на полицијата рекол дека носи сок од јаболко.

Полицијата не му верувала, па го пратиле на инспекција каде му е кажано да ја испие содржината од шишето. По четири голтки, Веласкез добил напад и паднал на земја. Одведен е во притвор, а потоа префрлен во болница каде умрел.

Тинејџерот поради отровната течност почнал да се грчи и да вреска од болки, а непрестанато викал “моето срце”. Неговото семејство тврди дека полицијата допринела за неговата смрт бидејќи не му пружиле медицинска помош, дури и го присилиле да ја испие дрогата.

“Знаеле точно што прават”

Семејниот адвокат Еуген Иредел по објавувањето на снимката изјавил: “Она што го гледате е комплетен недостаток на сочувство и почитување кон 16-годишно момче. Полицајците дури и задоволно се смееле додека ја пиел отровната течност”.

Иредел тврдел дека полицајците се сомевале дека течноста содржи дрога, но сеедно побарале од Веласкес да ја испие.

– Вистина е дека го прекршил законот и дека физички не го натерале да пие од шишето, но знаеле точно што прават – изјавил адвокат за NBC.

Вмешаните полицајци не биле казнети, а семејството во март оваа година со судска одлука добило оштета од 1 милион долари.

Погледнете го видеото:

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1