Анџелина пропаѓа по разводот: Има само 35 кг, се труе со цигари


Анџелина Џоли повторно е на работ на анорексијата, а за нејзиното здравје, кое е алармантно нарушено откако почна процесот за развод, се загрижени нејзините пријатели и колеги.angelina joli

Поради нејзината нарушена здравствена состојба се загрижени пријателите и колегите, а алармантно предупредување пратиле и лекарите.

Холивудската актерка, наводно, поради стрес сега има само 35 килограми.

– Рацете ѝ изгледаат како чепкалки. Стана движечки костур. Кревка е и слаба, буквално исчезнува. Живото ѝ е во голема опасност и навистина ме чуди што сè уште не се обратила кај стручњаци за помош – изјавил њујоршкиот интернист Стујард Фишер за американски таблоид.

Сега уште повеќе почнала да пропаѓа, откако ФБИ ги отфрлил сите обвиненија против Бред Пит за наводно малтретирање на децата. Анџелина која бара целосно старателство над нивните шест биолошки и посвоени деца, а бидејќи сега Бред е ослободен од обвиненијата, таа стравува дека судијата нема да застане само на нејзината страна.

– Си ја кубе косата од мака. Ако продолжи вака, ќе мора присилно да се храни во болница преку цевка – изјавил извор близок до актерката.

И Бред од почетокот на кризата наводно изгубил девет килограми, но полека, на задоволство на пријателите, се враќа во нормала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1