Анксиозноста – Tестирајте се дали сте анксиозни


Една од компонентите на стравот е посебната состојба во која ние предвидуваме што ќе се случи антиципирајќи страв. Тоа е некој вид ситуација на иднината. Оваа антиципација на претстојната физичка, психичка и социјална опасност најчесто се доживува како анксиозност, како општа возбуденост, како трепет, како нејасен страв, страв без очигледен надворешен повод.

Поимот анксиозност често се поистоветува со поимот страв. Но постојат разлики што произлегуваат:

а) од изворот на опасноста која се заканува да го наруши телесниот, психичкиот и социјалниот интегритет на личноста.
б) од времетраењето Се мисли дека кај стравот опасноста е рационална, бидејќи објектот или појавата свесно се перцепираат и можат да се идентификуваат додека кај анксиозноста не постои свесно перциран објект или извор на појавата што предизвикува опасност.

Изворот на опасноста е во чувството на очекувањето да се случи нешто нешто непријатно, нешто опасно.

“Неограничените можности за замислување на идните појави”, како што велат Креч и Крачфилд, ни пружат непресушно “гориво” за аксиозност.

Но изворот на опасноста може да биде и во самата личност. Што се однесува до времетраењето, се мисли дека стравот редовно трае кратко и исчезнува во моментот кога заплашениот ја совладува или ја избегнува опасноста. Анксиозноста по правило е долготрајна и таа се повторува почесто, независно од просторот и времето.

Според Х.Инглиш и А.Инглиш Анксиозноста е една непријатно емоционална состојба, во која една сегашна и континуирана силна желба или нагон изгледа веројатно дека ќе ја промаши својата цел;  тоа е фузија на страв со антиципација на идно зло. Неизвесниот исход ( на пример. Од натпреварот), е главна причина за трепет, страв, загриженост, возбуденост се само врв од брегот кој не се гледа, бидејќи има свои корени во самосвеста  и во самооценувањето, а манифестно се пројавува во несигурноста, во губењето на самодовербата.

Тест за анксиозност

Одговорите кои укажуваат на анксиозна состојба се означени со А. Впишете по 2 бода за одговорите каде сте заокружиле А (ова значи “Дa”), а по еден бод за оние каде сте заокружиле Б (ова означува “Не”)

1. Мислите ли дека имате малку причини за задоволство? (А) (Б)
2. Во последно време не сте сигурни што очекувате од иднината? (А) (Б)
3. Рацете и нозете ви се пријатно топли? (А) (Б)
4. Убедени сте во исправноста на своите одлуки? (А) (Б)
5. Од неодамна интензивно сакате да отидете, побегнете којзнае каде? (А) (Б)
6. Патите ли од главоболка? (А) (Б)
7. Дали често ви е мака? (А) (Б)
8. Сметате ли дека можете да правите што сакате? (А) (Б)
9. Во последно време чувствувате нетрпеливост кон членовите на семејството? (А) (Б)
10. Нетрпеливи сте и кога нешто работите? (А) (Б)
11. Би сакале ли да бидете некој друг? (А) (Б)
12. Задоволни ли сте со животот кој го водите? (А) (Б)
13. Патите ли од чести дијареи? (А) (Б)
14. Понекогаш, кога ќе се збуните, обилно се потите? (А) (Б)
15. Се срамите ли од поедини постапки? (А) (Б)
16. Би сакале ли своите акции да ги спроведувате побрзо и поодлучно? (А) (Б)
17. Понекогаш имате гушење или биење на срцето? (А) (Б)
18. Кога луѓето зборуваат за вас, ви се чини дека не се искрени? (А) (Б)
19. Се почесто имате впечаток дека повеќе не сте она што сте биле?? (А) (Б)
20. Имате ли желудочни пречки? (А) (Б)
21. Кога излегувате од дома, чувствувате ли потреба да се вратите и проверите дали сте го исклучиле светлото, дали сте ги заглучиле вратите? (А) (Б)
22. Се воздржувате да го изнесете мислењето од страв другите да не ве исмејуваат и критикуваат? (А) (Б)
23. Сметате ли дека иднината е безнадежна или помислувате ли на самоубиство? (А) (Б)
24. Дали гледате или слушате нешто што некој друг не го забележува? (А) (Б)
25. Со задоволство би се промениле, но тоа ве плаши? (А) (Б)
26. Верувате ли дека поседувате натрпиродна моќ или дека некој друг над вас ја променува? (А) (Б)
27. Се случува ли толку да се возбудите, што подоцна не можете да заспиете? (А) (Б)
28. Ви треба повеќе од еден час да заспиете, а станувате еден час пред време? (А) (Б)
29. Поседувате ли барем малку самољубие? (А) (Б)
30. Иако не сте на диета, изгубивте многу тежина? (А) (Б)
31. Сонувате ли страшни сонови? (А) (Б)
32. Многу се грижите за чистотата, плашејќи се да не се заразите? (А) (Б)

0 бодови: Нешто не е како што треба. Малку анксиозност во животот нема да ви штети.
До 20 бодови: Состојбата е нормална. Постои мала анксиозност, но нема причини за загриженост.
Од 20 до 40 бодови: Постојат тешкотии, коефициентот на страв е прилично голем. Работете на себе или обратете се на лекар за да ви помогне.
Повеќе од 40 бодови: Упс! Анксиозноста ви е толкава да имате потреба од стручна помош.
Совет: Погледнете и на неволјата в очи или обратете се на психолог

Андријана Станојовска

Автор инфо

2 Responses to “Анксиозноста – Tестирајте се дали сте анксиозни”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.